Мурињо подобар од Станковиќ: Пелегрини од пенал за победа на Рома

95

Во претпоследниот натпревар од 10. коло во италијанската Серија А, Рома ја победија Сампдорија со 1:0 на гостински терен, благодарение на голот на Пелегрини постигнат уште во 9. минута на средбата и тоа од пенал.

За српскиот тренер Дејан Станковиќ ова беше втор меч на клупата на Сампдорија и прв пораз, по ремито со Болоња во минатото коло.

Исто така, тоа беше првиот тренерски дуел на двајца пријатели, Дејан Станковиќ и Жозе Мурињо, кои со Интер во 2010 година ја освоија славната тројна круна.

ПретходноКомплетирано 1. коло: И Јанта Волеј со „максималка“ на стартот на сезоната
СледноГави е најдобриот млад фудбалер за минатата сезона