Нов убедлив пораз за ТФТ во АБА2-лига!

76

ТФТ не успеа да го поправи впечатокот на стартот на авантурата во АБА2-лига. Тимот од Тафталиџе го запиша вториот пораз, беше совладан од Сутјеска со убедливи 99-69.

Избраниците на Боро Смилковски имаа краток блесок на оваа средба, кон крајот на првата четвртина и првите неколку минути во вториот период. Губеа со 18-8, со серија од 8-0 дојдоа на минус два 18-16. Се држеа до 24-21, по што противникот со 15-2 поведе со 39-23, негатива со која актуелниот освојувач на Купот на Македонија замина на одморот (41-25).

Ништо не се промени ниту во продолжение, кошаркарите на Сутјеска без проблем ја зголемуваа позитива, која во третата четвртина изнесуваше плус 24 (68-44). Темпото во редовите на ТФТ целосно падна, па при 82-54 во 33 минута беше јасно како ќе заврши оваа средба.

МекБраер имаше 16 поени, додека пак Бишоп запиша 10. На другата страна Копривница запиша 27 поени.

Својата следна шанса за победа ТФТ ќе ја бара во ноември, исто на Златибор и тоа против домаќинот.

ПретходноСветското првенство под „будното око“ на ФБИ!
СледноОд утре во продажба билетите за мечот Е. Пелистер – Архус, ќе чинат по 250 денари!