Стигнаа загрижувачки вести за Борис Бекер од затворот!

339

Во април, еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Борис Бекер, беше осуден на две и пол години затвор поради финансиска измама, односно за обид да сокрие пари и други вредни предмети вредни 2,5 милиони евра. Го „фатија“ поради тоа што не плаќа данок и поради тоа доби затворска казна, а по шест месеци зад решетки во Англија – пристигнуваат малку загрижувачки вести за неговата состојба.

Адвокатот на славниот тенисер за Билд откри дека Бекер ослабел многу (дури осум килограми), но и покрај ова уверува дека е во добра психичка состојба.

„Нашиот клиент Борис Бекер сè уште добро се држи со оглед на околностите во кои се наоѓа и се навикнува на секојдневниот живот во затворот, изјави Мозер за германскиот весник.

Како што пишуваат германските медиуми, Бекер е во посебна ќелија и често се дружи со други затвореници, меѓу кои е дури и популарен. Практикува и јога и медитира, што веројатно е совет кој му го дал неговиот пријател и поранешен ученик Новак Ѓоковиќ.

„Бекер е многу посветен на тренинзите. Откако стигна во затвор, ослабе осум килограми, а причината за тоа е веројатно тоа што не смее да пие алкохол во затвор“, додава Билд. и потсетува дека Бекер има бројни привилегии во затворот бидејќи се наоѓа во дел од институцијата каде што нема многу чувари.

ПретходноСмилковски: Мислам дека „изгоревме“ од значењето на оваа лига
СледноВо вторник ждрепката за 1/4 финалето во Купот!