Е.Пелистер 2 за разлика од поискусниот тим полесно ја заврши задачата во седмото коло во кое исто гостуваше на скопски клуб. Избраниците на Александар Јовиќ на гостувањето кај Јуниор К.В славеше со 28-33 и дојде петтиот триумф оваа сезона, на другата страна домаќинот го запиша шестиот пораз.
Оваа средба беше решена по едно полувреме, битолчани поведоа со плус седум (12-19) и до крајот без проблем го одржуваа потребното водство за освојување на целиот плен. Белистојановски со шест гола беше најдобар, зад него беше Петар Анастасијевиќ со пет погодоци. Кај домаќинот Симоноски имаше десет погодоци, Матовиќ имаше осум гола.
Тиквеш без проблем ја доби пресметката со Голден Арт, го совлада со 28-21 и остана на четвртото место на табелата во групата Б, која денеска целосно се комплетираше. Симиќ и овој пат беше лидер со осум гола, Шилегов и Илиев со по пет погодоци беа најдобри кај гостите.