Капитенот на Е. Пелистер оптимист: Архус е добра екипа, но и ние имаме шанси

85

Капитенот на Е. Пелистер, Мирко Радовиќ, во пресрет на утрешниот прв меч од групната фаза во ЕХФ Европската лига, со свое видување на противникот и очекувањата од првиот меч.

„Добро се подготвуваме, направивме видео-анализа. Знаеме каква екипа ни доаѓа. Играат добро тимски, брзо се движи топката, тоа е таа данска школа на ракомет. Многу брзо играат, трчаат брз центар… Немаме многу време за подготовка, но ние знаеме каква екипа сме и што можеме. Во оваа атмосфера мислам дека имаме шанси и тоа ќе го покажеме во вторник. Ќе видиме колку ни одговараат со стилот. Во овој прв дел од сезоната немавме можност да се сретнеме со екипа која игра таков атомски ракомет. Но, мислам дека треба да се грижиме повеќе за нас и нашата игра. На нашата игра е акцентот. Во оваа атмосфера имаме што да покажеме и гледачите ќе уживаат како и на секој европски натпревар во Битола. Да покажеме каква екипа сме кога играме на домашен терен“, вели Радовиќ.

Е. Пелистер засилено се подготвува за мечот на кој и младите ракометари ја чекаат својата шанса да покажат колку вредат. Еден од нив е и Павле Атанасијевиќ, кој пред утрешниот дуел вели:

„Се подготвуваме многу добро, јако тренираме. Ја гледавме данската екипа како игра, се поставуваме да играме подобро и мислам дека на крајот од денот ќе издвојуваме победа. Многу добро ни дојдоа овие седум натпревари од домашното првенство, се разигруваме и тоа е многу добро за нас пред европските натпревари“.

ПретходноВалтер пред европската премиера: Архус е силен тим, но со нашите навивачи е секогаш полесно
СледноСудиска анализа: Пеналот за Гостивар против Вардар беше правилно досуден!