Мурињо во свој стил: Како се вика оној фудбалер на Наполи што постојано паѓа?

1303

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо по поразот на домашен терен од Наполи (0:1) му даде комплимент на противникот, но не пропушти да каже и по некоја провокација.

„Наполи е навистина добар, но кога погледнав колку жолти картони имаме, уморни и неподготвени играчи, немањето опции на клупата, сфатив дека ќе ни биде тешко да победиме. Спинацола мораше да го заузда оној тип кој постојано паѓа и „нурка“. Како се вика тој? Па, тој што постојано лежи наоколу… Лозано! Е да, Лозано“, во свој стил коментираше Мурињо.

За судењето Мурињо додаде:

„Не сакам да зборувам за судијата Ирати. Мислам дека е добра и избалансирана личност. Не ми се допадна како судеше, но по мечот разговарав со Ирати – барем можете да разговарате со него! Тој го немаше најдобриот натпревар, но тоа се случува. Сите имаат лоши денови“, изјави Португалецот.

ПретходноВечерва две дербија како завршница на 2. коло кај одбојкарките
СледноПорше не се откажува од влез во Формула 1, ќе го купи Вилијамс