Завршија првите полувремиња од 12.коло во ПМФЛ. Сензација во Прилеп по првите 45.минути. Победа со голот на Мазари води против Струга ТЛ со 1:0. Домашниот состав одигра одлично, лидерот едноставно не беше на своето ниво во овој дел од натпреварот.
На Авртокоманда очекувано Шкендија води со 0:1 и тоа со голот на Дориев во 32.минута. Скопје се обидува, но сепак тетовци го имаат водството.
На Чаир шампионот уште во првите 17 минути се чини го реши победникот, води со 3:0. Младеновски, Алварез и Демири за водство на Шкупи.
И на ФФМ, со голот на Обадовиќ во таа 22. минута, Силекс води на гости кај Работнички.