Денеска македонската репрезентација до 17. години го игра вториот дуел од квалификацискиот турнир кој се одржува во Скопје против соодветната селекција на Франција.
Откако на првиот дуел против Исланд загубивме со високи и убедливи 3:0 сега избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ имаат шанса за поправен против реално најквалитениот состав во нашата група.
Од друга страна, Исланд има шанса против Луксембург да осигура сигурен пласман во елитната фаза од квалификациите.
Двата меча се играат од 14:00 часот.