Христов: Ние сме Вардар, одиме на победа на дербито со Воска!

670

Утре со почеток од 13:30 часот на стадионот на Автокоманда во Скопје, во супер – дербито на 10.коло се среќаваат Вардар и Воска Спорт. Ова се двете првопласирани екипи кои заедно со Гостивар се најголемите аспиранти за највисок пласман во ВМФЛ и се разбира за пласман во елитната лига.

На утрешниот меч еден од адутите на Вардар секако дека ќе биде напаѓачот Симеон Христов, кој за „Спортмедиа“ истакна:

Многу значаен меч за нас. Јасно е дека резултатот од ова дерби е екстра значајно. Се разбира дека ова е натпревар кој не е решавачки во поглед на пласманот, но како што реков е многу значаен. Ние сме Вардар и ние утре одиме на победа, не криеме дека ги сакаме трите бода со кои би го вратиле лидерското место на табелата“.

Христов вели дека и утре Вардар ќе ја има поддршка од “Комитите“.

Во тоа не се сомневам. Тие се најдобрата навивачка група во Македонија, тие се наш 12-ти играч и со нив ќе ни биде полесно. За Воска што да кажам? Веројатно се подобри од лани, треба да се респектира противникот, но реков, ние сме Вардар и одиме по целиот плен. Немаме повреди и суспендирани играчи, ќе настапиме со најсилниот состав. Очекувам убаво и квалитетно дерби, но и наша победа. Треба да се оправда таа фаворитска улога што ја имаме“ заклучи Христов.

ПретходноРеал ќе си „лапне“ екстра пари од елиминацијата на Атлетико и Барса од ЛШ
СледноФинале за каратистите Стефан Стојановиќ и Витомир Трајковски