Еден од тимовите кои оваа сезона, поточно во првиот дел изненади е тимот на Алкалоид. Дебитантот во Супер-лигата има шест победи и еден пораз, младите ракометари имаа шанса да го земат скалпот на Вардар, но ја платија цената на неискуството.
Дека не случајно се во ова друштво покажаа и во минатото коло против Бутел Скопје, го добија дуелот без проблем и победничката серија ќе се обидат да ја продолжат против Прилеп, тимот против кого дебитираа во Супер-лигата. На гостински терен беа убедливи, па токму затоа оваа средба се очекува да заврши со убедлив триумф на Аклакоид.
Во истата група А, Куманово е домаќин на Струга, ова ќе биде доста интересен меч, ако се земе во предвид првата пресметка.
Што се однесува до групата Б, откако Пролет пропушти шанса за голема победа против Пелистер во минатото коло, рехабилитацијата ќе ја бара против Голден Арт за продолжување на трката за второто место на табелата со вториот битолски тим. Јуниор К.В и Радовиш е дуел на последнопласираните екипи во групата Б.