Интер ја продолжи победничката серија (видео)

60

Интер на „Џузепе Меаца“ ја совлада Сампдорија со 3:0 и со тоа стигна до четвртата победа по ред вклучувајќи ги и мечевите во Серија А и ЛШ, односно шеста на претходните седум натпревари каде единствено реми беше она со Барса во ЛШ.
Вечерва славеше со 3:0, а уште во 21. минута поведе со голот на Стефан де Вриј по нафрлување на Чаланоглу. Во 44 минута убав гол постигна Нико Барела за 2:0
Во второто полувреме Жоакин Кореа погоди пет минути откако влезе во игра. „Нероаѕурите“ се на петтото место на табелата со 24 бода во некомплетираното 12. коло. Сампдорија е во опасната зона.

ПретходноЛиверпул „туширан“ од Лидс, Нуњез промашуваше зицери (видео)
СледноЛевандовски во последните секунди и донесе победа на Барса над Валенсија (видео)