НЕВЕРОЈАТНА КОРЕОГРАФИЈА НА НАВИВАЧИТЕ НА ШАЛКЕ: Го распослаа дресот низ цела трибина (ВИДЕО)

459

Викендов во Бундеслигата играа Шалке и Фрајбург, а иако тимот од Гелзенкирхен го доживеа петтиот пораз во низа, сите зборуваа за овој меч. Причината за тоа е една од најоригиналните кореографии некогаш видени на трибините.

И покрај тоа што Шалке не ги дава посакуваните резултати и се наоѓа на последното место на табелата во Бундеслигата, тоа не ги спречува навивачите да блеснат.

Стадионот беше преполн, а на трибината на која беа најверните навивачи имаше огромен транспарент со бел дрес на Шалке и рака која покажува на грбот. Како тоа да не беше доволно спектакуларно, наеднаш дресот беше обоен во сино.

Најверојатно навивачите успеале да го направат тоа со палење на пиротехнички средства.

 

ПретходноРоналдо смета дека враќањето во Јунајтед било катастрофа!
СледноПандев не му ја прифати оставката: Васоски останува тренер на А. Пандев!