Дурент и Пол Џорџ пресудија, „дожд“ од асистенции на Харден (ВИДЕО)

87

Кевин Дурент со 36 поени мина Винс Картер на вечната листа на најдобри стрелци во НБА-лигата, сега се наоѓа на 19 место. Неговиот Бруклин го доби дуелот со Индијана со 116-109, ова беше втора победа во седум одиграни меча оваа сезона.

Индијана постојано го бркаше резултатот, изедначи на 100-100, по што индивудалниот квалитет на Нетси пресуди. Кајри Ирвинг на оваа средба постигна 28 поени.

Одлична партија синоќа пружу Џејмс Харден, успеа да го надконади отсуството на Ембид. Сиксерси беа подобри од Вашингтон на гости со 111-118. „Брадата“ постигна 23 поени и 17 асистенции, па Филаделфија се врати на 50% успешност. Макси имаше 28 поени, додека на другата страна Порзингис имаше 32 поени, Бил 19.

Клиперси ја прекинаа серијата од четири порази, Пол Џорџ постигна кош на шест секунди пред крајот против упорните Рокетс. Тој постигна 35 поени, прво погоди тројка, а потоа му ја украде топката на Гордон при 93-93. По еден тајм-аут, тој реализираше за победа. Трагичар беше поранешниот Клиперс, Ерик Гордон, освен грешката во клучниот момент кога го промаши шутот за победа. Мислеше дека е фаулиран. Тексашаните имаат 1-8, што никого не изненадува.

Резултати: Шарлот – Сакраменто 108-115, Вашингтон – Филаделфија 111-118, Бруклин – Индијана 116-109, Торонто – Атланта 139-109, Милвоки – Детроит 110-108, Јута – Мемфис 121-105, ЛА Клиперс – Хјустон 95-93.

ПретходноЧави: Не очекувавме ваква ситуација!
СледноЛионел Меси од ПСЖ побарал продолжен одмор!