До пред три сезони се мачеа во Втората лига, сега атакуваат на титулата во Полска

443

Екипата на Раков е лидер во полската Екстракласа. По 15 одиграни кола „црвено-сините“ имаат 35 бода, осум повеќе од гигантот Легија Варшава која е на втората позиција. Тимот од југот на Полска, од градот Ченстохова покрај реката Варта досега оствари 11 победи, две ремија и два порази.

Во саботата го освоија целиот плен на гостувањето кај незгодниот Лех Познањ, а претходно имаше добри натпревари меѓу кои и високата победа над Легија со 4:0.

Интересно, Раков никогаш не бил полски шампион. Постои 101 година, а голем дел од времето поминал во третата и во втората лига. Поточно важи за клуб влези-излези. Во 2017 година испадна од најсилната полска лига, па остана две сезони во Втората лига, па се врати во елитата.

ОД 2019 ГОДИНА КЛУБОТ ОДИ ПО НАГОРНА ЛИНИЈА

Од тогаш е сосема поинаков клуб. Бележи огромен напредок, па две години по ред е вицешампион на Полска и освојувач на Купот. Во 2021 година првпат го крена куп-трофејот, а следната година го одбрани. Истите години завршуваше на второто место во првенството зад Легија.

Сопственик на клубот е Михал Швержевски, локален бизнисмен кој се занимава со интернет маркетинг. Тимот игра на стадионот „Раков“ со капацитет од 5,500 седишта.

Раков е тим полн со интернационалци. Ги има од Србија, Хрватска, БиХ, Романија, Грција, од источно европските земји Грузија, Украина, Летонија, но и по еден Чех, Шпанец, Швеѓанец и неколку Полјаци.

Дали оваа година ќе им се посреќи и ќе го остават варшавскиот гигант зад себе останува да видиме.

 

 

 


Standings provided by Sofascore

Претходно„Булдожери“ – Баерн урна неколку рекорди во ЛШ
СледноМурињо: Нашата амбиција не е повторно да ја освоиме Лигата на конференции