Мане објасни зошто играл со рака!

238

Во шестото коло од Лигата на шампионите, Баерн го победи Интер со 2:0, но немаше да биде незаслужено ако италијанскиот тим однесеше бод дома поради некои ситуации во првото полувреме.

Играњето со рака во шеснаесетникот е веројатно најкомплицираното правило во фудбалот бидејќи се уште не е јасно што е пенал, а што не.

Во првото полувреме од мечот на „Алијанц Арена“ топката го погоди Мане во рака. Рацете на Сенегалецот беа во воздух, но пред лицето, пенал не беше досуден.

По мечот и Мане беше тестиран за чесност. Дури 15 камери го забележаа и последниот детал, а одличниот офанзивец не криеше дека играше со рака.

„Тоа беше силен удар, да не ги кренев рацете топката ќе ме погодеше во лице и ќе завршев во болница. Мислев дека е дозволено да се користат рацете за заштита на лицето. Значи, тоа не е пенал“, објасни напаѓачот на Баерн.

ПретходноБУНТ ВО КАТАР, ХАОС ПРЕД СП: На работниците им дојде преку глава!
СледноПрвакот во криза, Ирвинг имаше ноќ за заборав (ВИДЕО)