Првакот во криза, Ирвинг имаше ноќ за заборав (ВИДЕО)

120

Актуелниот првак во НБА-лига не игра според очекувањата, го запиша третиот пораз во низа, откако беше совладан од Мајами со 116-109. Штрус влезе од клупа и постигна 24 поени, еден помалку имаше Батлер. Кај Годен Стехт, Кари запиша 23 поени.

Со три победи и пет порази, бранителот на тронот се наоѓа на 12 место на табелата во Западната конференција, Мајами со истиот скор е 11-ти на Истокот.

Бруклин го запиша шестиот пораз во осмиот меч оваа сезона, откако на гостувањето кај Чикаго беше совладан со 108-99. Зак Левин постигна 29 поени, кај гостите Кевин Дурент беше на ниво на задачата, запиша 32 поени, но немаше помош од Кајри Иривнг, кој имаше меч за заборав, постигна четири поени, имаше 2/2 од игра.

Бруклин се наоѓа на 13 место на Истокот, додека Чикаго е на осмата позиција со скор од четири победи и исто толку порази.

Резултати: Бруклин – Чикаго 99-108, Мајами – Голден стејт 116-109, Оклахома – Орландо 116-108, Феникс – Минесота 116-107.

ПретходноМане објасни зошто играл со рака!
СледноСимеоне си оди, Атлетико Мадрид веќе го одбрал наследникот?