Барселона продолжува да се мачи со повреди, а најновиот играч на таа листа е – Френк Каси. Синоќа на натпреварот од Лигата на шампионите против Викторија П. се здоби со повреда на задната ложа, Чави Хернандез потврди по натпреварот.
„Не е добро, во прашање е задната ложа “, рече Чави.
Според првите прогнози, Кеси ќе отсуствува околу шест недели, што значи дека ќе ги пропушти Алмерија и Осасуна и ќе биде подготвен кога ќе продолжи првенството на крајот на декември.
Она што треба многу повеќе да го загрижува Чави се честите повреди на неговите играчи. Кеси од почетокот на сезоната е дури деветти играч кој треба да направи одредена пауза, која нема да биде кратка.
Досега беа надвор од терените најмалку три недели, а и до еден месец поради повреди – Роналд Араухо, Жил Кунде, Андреас Кристенсен, Ерик Гарсија, Хектор Белерин, Френки де Јонг, Серхи Роберто, Мемфис Депај, а сега тука е и Кеси.
Барса напролет има императив и желба да се бори за четири трофеи – Ла Лига, Копа дел Реј, шпанскиот Суперкуп и Лига Европа, а за тоа ќе и треба подолга клупа и свежи играчи, без повреди.