Кристијано Роналдо го знае градот, но не и тимот во кој ќе игра? Повторно против Меси?

370

Кристијано Роналдо е се подалеку од Јунајтед. Португалецот не добива шанса, нема ни толкава мотивација, договорот му истекува на лето, а Тен Хаг бара уште еден напаѓач за да се ослободи од Кристијанo.

Се споменуваат многу клубови, навивачите на Спортинг сонуваат за враќање на најголемиот фудбалер во нивната историја, како и во португалската историја, мама Долорес буди надежи, но се чини дека ништо нема да излезе од тоа.

Изгледа дека иднината за најдобриот стрелец во историјата лежи во Лос Анџелес.

Двата клуба од овој град го посакуваат, Лос Анџелес се бори за титулата во МЛС, има двајца поранешни соиграчи на Роналдо, Бејл и Киелини, Галакси сега се во сенка и сакаат да се вратат на врвот.

За Роналдо, Лос Анџелес е одлична можност да се придвижи кон крајот на една и почеток на друга кариера, филмската. Имено, желбата на Португалецот е да се испроба во Холивуд.

Интересно, Меси би можел да му се придружи од лето, а цели кон Америка, наводно не размислува да се врати во Барселона, а го привлекува понудата на Бекамовиот Мајами.

Какво дерби повторно би било!

ПретходноПосле 60 години се појави Словенецот: Лука Дончиќ испиша историја (ВИДЕО)
СледноИбрахимовиќ го понижи Мбапе и неговите родители!