Прва сензација на ЕП 2022: Словенките ја „средија“ Данска

103

Ракометарките на Словенија на најдобар можен начин го отворија Европското првенство на домашен терен. Во својот прв натпревар на шампионатот чии домаќини се Словенија, Црна Гора и Македонија, попладнево во салата Златорог во Целје, Словенките го совладаа трикратниот европски првак Данска со 28:26.

Репрезентацијата на Драган Аџиќ одигра одличен натпревар со поддршка на над 3.500 навивачи во салата Златорог. Данките подобро го отворија мечот, поведоа, но словенија во 12. минута, со голот на Аља Варагиќ, првпат поведе на натпреварот (7:6), по што беше јасно дека овде ќе биде вистинска драма до самиот крај.

Данска на полувреме водеше со 15:14, а во вториот дел словенечките ракометарки прикажаа исклучителна борба, со неколку одлични интервенции на голманката Бранка Зец, што дополнително ги лансираше кон голема победа.

Во вториот меч во Љубљана, Унгарија сосема очекувано ја совлада Швајцарија со убедливи 33:28.

ПретходноМЗТ се „распадна“ во третата четвртина, Морнар со цел плен од Скопје (ФОТО)
СледноНишто ново: Горица на Мрме повторно поразена