Бојан Миовски со два нови гола покажа зошто е миленик на навивачите на Абердин. Во вечерашниот дуел со Хиберниан во 14. коло од Премиер лигата, Миовски постигна два гола во победата од 4:1 над конкурентот за место во врвот на табелата и стигна до бројката од 10 гола во тековната сезона во шкотската елита.
Миовски погоди од повторен пенал во последните секунди од првото полувреме, а потоа на стартот на вториот дел стрелаше со глава за водство и од 2:0. Нашиот репрезентативец остана на теренот до 89. минута кога беше заменет и испратен со аплаузи од домашните фанови.
Абердин со оваа победа се искачи на 3. место на табелата во шкотската Премиер лига зад Селтик и Ренџерс.