Денеска и официјално стартува Европското првенство во Скопје. Се е подготвено за врвен ракометен спектакл, СЦ „Борис Трајковски“ го доби препознатливиот сјај, се чека македонската публика да ги наполни трибините и да им даде поддршка како што само таа знае и умее.
Не се двоумете, дојдете во 18 часот, на нашите девојки им е потребен ветар во грб против актуелниот олимписки првак.