Искусниот поранешен германски репрезентативец Лукас Подолски постигна фантастичен гол во меч од 16. коло на најсилната полска лига. Неговиот Горњик го победи Погон со 4:1, а Подолски успеа да ја затресе противничката мрежа со удар од својата половина. Убав гол на 37-годишниот офанзивец кој покажува дека се уште има „динамит“ во своите нозе.
Во оваа сезона на 13 натпревари тој има ефект од 4 гола и 6 асистенции.
Czapki z głów! 👏#POGGÓR 1:4 pic.twitter.com/l1H8AYJ7uU
— PKO BP Ekstraklasa (@_Ekstraklasa_) November 5, 2022