Факт е дека на првиот меч од ЕП вчера Франција беше посилна и заслужено победи во салата “Борис Трајковски“, но нашите ракметарки воодушевија со својот однос, залагање, со желбата да се прикажат во подобро светло.
Избраничките на селекторот Љубомир Савевски покажаа како се сака Македонија. Тие пред мечот со Франција ставаа на своите патики симболи на Македонија, своите нокти ги лакираа во “црвено – жолто“, тоа е тој посебен ритуал.
Pre-match ritual for hosts North Macedonia🍯🇲🇰
Tune-in https://t.co/bewbcruol6! 📺 #ehfeuro2022 | #playwithheart pic.twitter.com/rVhA1tJRzQ
— EHF EURO (@EHFEURO) November 5, 2022
Не се сомневаме дека на следните мечеви од ова ЕП нашите девојки исто така ќе дадат се од себе да дојдат до подобри резултати.
Цела спортска јавност и цела Македонија е со нив.
Само напред….