Фудбалерите на Лацио ја совладаа Рома со 1:0 на „Олимпико“ во големото градско дерби на метрополата во рамките на 13. коло на италијанската Серија А. „Вочицата“ вечерва ја имаше предноста на своите навивачи, но гостите се радуваа на победата.
159-тото дерби „Дела Капитале“ им припадна на гостите, кои иако на мечот влегоа без две големи ѕвезди во својот тим, Милинковиќ-Савиќ и Имобиле. Клучниот момент се случи во 29. минута, кога фудбалерот на Рома Ибанез необјасниво почна да дрибла во сопствениот шеснаесетник, направи огромна грешка, му ја даде топката на Педро, кој го пронајде Фелипе Андерсон, кој немаше потешкотии при постигнување гол за водство, а на крајот и победа за Лацио.
Мурињо се обиде да направи промени на стартот од вториот дел, но до крајот на мечот не успеа да се спаси од пораз.