Јанески не можеше сам: Пелистер се извлече кај Куманово

190

Во комплетно драматичен и крајно неизвесен меч во Куманово, кошаркарите на Пелистер славеа минимално со 81:78 над тимот кој по пет кола останува со само една победа. Кумановци денеска одиграа добар меч, го имаа во своите редови одличниот Јанески, но се чини дека и тоа беше премалку за да дојдат до изненадување.

Битолчани беа фаворити пред мечот, но со играта тоа не го потврдија. Куманово го држеше мечот во егал до последните петнаесетина секунди, кога Пелистер со поените на Мустафица и Караџовски го направи решавачкиот чекор кон победата.

Јанески постигна 26 поени за Куманово, додека кај Пелистер, Хаџифејзовиќ постигна 20 поени.

ПретходноШкендија го напушти теренот во Струмица: Едно дерби во сезоната и тоа не се доигра (ВИДЕО)
СледноСаутемптон му врачи отказ на Хасенхутл