Работнички еден меч без публика, тренерот на Чаир под суспензија од два натпревари!

340

По завршување на натпреварите од 5.коло во елитната кошаркарска лига, се огласи и Дисциплинската комисија на КФСМ.

Со оглед на тоа дека имаше и инциденти на дел од натпреварите, познати се и санкциите на сторителите.

Поради влегување на неслужбени лица на паркетот на мечот со ТФТ, Работнички како домаќин е казнет парично,но и со еден меч играње без публика и плус 16.000 денари.

За фрлање на тврди предмети од страна на ТФТ, овој клуб е казнет со 24.000 денари.

Казна од два меча суспензија заработи тренерот на Чаир, Е. Рамадан кој на мечот со Феникс беше исклучен, но и поради реакцијата од негова страна по исклучувањето. Чаир вкупно ќе треба да плати и нешто повеќе од 80.000 денари.

ПретходноСадио Мане и официјално оди во Катар
СледноЛазаров го објави поширокиот список на ракометари за Светското првенство