Барди: Нашата игра е многу поразлична кога стандардно играме во клубовите

341

Еден од најдобрите македонски фудбалери Енис Барди по ремито со Финска истакна дека е среќен што повеќето репрезентативци од оваа екипа се стандардни во своите клубови и тоа значи дека влегуваат во форма и ќе бидат далеку подобри кога ќе почнат квалификациите.

Сметам дека полека, но сигурно сите играчи се враќаме во форма. Навистина е добро што многумина од нас играме стандардно во нашите клубови и тоа е видливо и многу важно. Нашата игра е многу поразлична кога стандардно играме во клубовите. Ова беше само еден тест за тоа што не очекува во март и квалификациите. Дај боже тогаш да бидеме во форма и да го дадеме максимумот за репрезентацијата“, изјави Барди.

ПретходноСениорките стартуваа со подготовките: Од понеделник ќе бидат комплетни!
СледноМароканците ја растурија Грузија, Зијеш постигна гол од пола терен (видео)