Радичевиќ: Девојките ми ветија дека мојот сон ќе се исполни!

229

Последниот викенд од завршницата на Европското првенство почнува денеска. Во Љубљана ќе се одиграат полуфиналните дуели и битката за петото место која е прва на програмата.

Црна Гора против Данска ќе бара место во финалето (17:45 часот), додека пак бранителот на титулата Норвешка на патот до последната битка ја има Франција, која во Љубљана допатува без пораз.

Јованка Радичевиќ е една од ракометарките која е во центарот на вниманието, ги игра последните мечеви во дресот на Црна Гора.

„Пред почетокот на ЕП имав неколку желби. Но, сега можам да кажам дека мојот сон се исполни. Во најдобар момент ја завршувам кариерата. Моите соиграчи ми ветија дека ќе патуваме во Љубљана. Па, сега тука сум“, изјави Радичевиќ, која додаде:

„Не беше лесно да се донесе одлука. Имавм одлични моменти во дресот на Црна Гора, ми даде се. Се надевам дека ќе се пласираме во финалето. Горда сум на сите години, но без моите девојки немаше да бидам тука“.

ПретходноАлчевски: Жалиме за пропуштената победа против Кипар
СледноМакедонија и покрај двете победи забележа пад на ФИБА рејтинг листата