Играчот од средниот ред на Азербејџан Емин Махмудов очекува добра игра и победа над Македонија на дуелот што во недела ќе се одигра во Скопје. Тој е од пријателски карактер, а Азербејџан доаѓа по серија од четири победи.
„Македонија има екстра фудбалери, како Елмас и Барди кои играат во силни екипи. Но ние сме во серија од четири победи и на секој меч одиме на победа. Така ќе биде и утре во Скопје. Доаѓаме да одиграме добро и се разбира, да победиме.
Јас лично, откако Де Бјази е селектор имам 9 голови за репрезентацијата и среќен сум за таа серија. Сакам да продолжам така, но, сепак, најважна е колективната игра и успех“, изјави Махмудов кој е играч на Нефчи.