Вестбрук раскрварен сакаше да се тепа, Леброн го спречи (ВИДЕО)

229

ЛА Лејкерс и нивниот најдобар играч Леброн Џејмс искомбинираа две победи за два дена против истиот противник. Тие го победија Сан Антонио Спарс со 143:138, а повратникот Леброн Џејмс го одигра својот најдобар натпревар сезонава. Тој го предводеше својот тим со 39 поени, а забележа и 11 скока и три асистенции.

Шродер со 21 поен и Вокер со 19 поени му помогнаа на Леброн до победата. Ова беше петта победа за Лејкерси во последните шест натпревари. Моментално имаат скор 7-11 и се на 13. место во Западната конференција. Сан Антонио е под нив, но тоа е тим кој штотуку го започна процесот на обнова.

Во центарот на вниманието на оваа средба се најде Вестбрук, заработи техничка бидејќи сакаше крвав да се пресмета со противничкиот кошаркар, Зак Колинс, кој го фаулираше. Контактот беше груб, па Расел веднаш заврши на земја. Тој стана и се обиде физички да се пресмета со противникот, но соиграчите успеаја да го раздвојат и да му укажат дека е облеан во крв по лицето. Секако, поради овој прекршок, Колинс веднаш беше исклучен од натпреварот.

Лука Дончиќ и неговиот Далас Маверикс го загубија третиот натпревар во низа. Торонто Репторс ги победи со 105:100 во Канада. Репторс до победата ги предводеше Ануноби и ВанВлит постигнаа по 26 поени. Но, Ануноби имаше многу потешка работа.

Цел натпревар мораше да го чува Лука Дончиќ. Тој помина 43 минути во игра и забележа две асистенции и по една украдена топка. Дончиќ беше најдобар во тимот на Далас со 24 поени, седум скока и девет асистенција.

На останатите средби Феникс ја совлада Јута со 113-112, Хјустон беше подобар од Оклахома со 118-105.

ПретходноДенеска на Мундијалот: Гигантот Германија пред испаѓање од СП!?
СледноПонуда која не се одбива: Вртоглави 225 милиони евра го чекаат Кристијано Роналдо!