Антиќ: Мотивирани сме, сакаме да го подобриме впечатокот по катастрофалниот пораз од Белгија!

76

Македонската женска кошаркарска репрезентација денеска го затвара декемвриот прозорец во квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 година.

Шансите за континенталниот сон завршија во претходното коло кога избраничките на Александар Ашаданов беа убедливо совладани од Белгија на гости со 112-41 за трет пораз во овој циклус.

Нашите кошаркарки немаат време за тагување, веќе вечерва (19 часот) ја пречекуваат селекцијата на Германија. Ова е еден од оние противници со кои веќе „црвено-жолтите“ играа, на гостински терен беа совладани со 73-41. Тогаш одиграа едно добро полувреме, а потоа целосно паднаа.

„Нè чека уште еден тежок натпревар. Добро сме запознати со квалитетите на селекцијата на Германија и нивните играчи поединечно. Но мислам дека стилот на нивната игра повеќе ќе ни ‘легне’ во однос мечот со Белгија пред некоја вечер на гостински терен. И затоа се надевам дека ќе се покажеме во подобро светло на вечерашниот натпревар. Доволно сме мотивирани и сакаме, колку што можеме, да го подобриме впечатокот на нашата репрезентација по катастрофалниот пораз против Белгија. Ние ќе дадеме се од себе, а јас сакам да ја повикам јавноста да дојде вечерва на натпреварот во Ксле. Да ни даде поддршка и да ни помогне, и ако не направиме изненадување, она резултатско, односно да победиме, ако ништо другп да покажеме една добра игра која ќе ги задоволи нивните барања“, изјави Јелена Антиќ. 

И на оваа средба Ашаданов нема да смета на Митрашиновиќ која поради здравствени проблеми беше најавена дека ќе ги прескокне двата меча.

Влезот во СРЦ „Кале“ ќе биде слободен, директен пренос од средбата ќе има Спортклуб.

 

ПретходноЗборовите на Меси се волшебник за сите Аргентинци!
СледноЃорческа поразена во ИТФ финалето во Ираклион