Со одлична последна четвртина кошаркарите на Пелистер ја остварија и четвртата сезонска победа во АБА 2 лигата. Денеска во првиот меч на турнирот во Сараево, битолчани играа променливо во сите први три четвртини, но кога беше најважно, „додадоа гас“ и успеаја да го добијат мечот против последнпласираната екипата на табелата.
Лидер во победничкиот тим на Пелистер беше Карудерс кој постигна 24 поени, исто колку што имаше и Хаџифејзовиќ. Со оваа победа Пелистер се врати во кругот на четири најдобри тимови во лигата.