Шкендија им приреди шок на “Балистите“ на нивниот 30-ти роденден!

1177

Се беше подготвено за големо славје. За победа на Шкендија со која требаше да им го честита 30-тиот роденден на своите фанови “Балисти“. Тиквеш беше ривал по мерка, тим кој игра атрактивно и тим кој може и треба да се победи.

Но, кога сакаш најмногу да победиш, е тогаш не оди. Тимот на Ќатип Османи не успеа да постигне барем еден гол, имаше шанси, но гол немаше па така кавадарчани со песна се вратија дома.

Додека Шкедија им приреди голем шок, неверојатно разочарување на своите фанови кои викендов го прославуваат својот 30-ти роденден.

И што е уште поинтересно. Ова беше осми меч на Шкендија сезонава како домаќин и шесто реми или петто по ред. Само една победа и тоа над Скопје и само еден пораз од Струга ТЛ.

Неверојатни бројки за тим како што е Шкендија.

Осум меча и само една победа како домаќин, од 24 максимално бодови освоени се само 9 бодови, и со букви ДЕВЕТ бодови.

Вака не се освојува титула.

ПретходноХрабриот Мароко ја “уништи“ Белгија! (ВИДЕО)
СледноМистерија: Се загреваше, ја испеја и химната и потоа го снема…