Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд е во шпанска Марбела на одмор за време на паузата поради Мундијалот, а норвешкиот фудбалер вчера ја искористи можноста да отпатува за Болоња и веќе се знае која била причината за неговото гостување.
Тој ја посетил фабриката на Ферари бидејќи решил повторно да се почести и во својата богата гаража да додаде уште едно возило на оваа легендарна италијанска компанија.
Халанд купил ново Ферари, но се уште не е познато за која серија станува збор. Тој наводно потрошил речиси милион евра за новото милениче и јасно е дека напаѓачот на Манчестер Сити не штедел.
По ручал во ресторанот Фонтана во Болоња, а ги пробал и специјалитетите од италијанската кујна.
Она што особено ги изненади Италијанците е љубезноста на Халанд и фактот што тој немал проблем да позира со фановите, неуморно давал автограми.