Денеска се играа натпревари во ракометната Супер лига. Еурофарм Пелистер славеше над Тиквеш во Кавадарци со 20:30 и покрај тоа кавадарчани пружија силен отпор, па дури константно имаа водство по првите 30 минути. Гостите од Битола се консолидираа и направија неколку мини-серии со кои се одлепија и го трасираа патот до победата.
Кај Пелистер најдобар стрелец беше Себастијан Хененберг со пет гола. Кај Тиквеш најмногу гола даде Страхиња Симиќ – четири.
Ова е победа број 12 за Пелистер во 13-тиот меч, а Тиквеш го доживеа четвртиот пораз.
А Пролет ја запиша 10-тата победа сезонава откако го совлада Скопје 2020 со 35:30. Најефикасен на мечот беше Марио Мишевски од Скопје со десет гола, а кај Пролет по шест реализираа Иван Џонов и Дејан Пецаковски.
Голден Арт го победи Јуниор Кисела Вода со 28:20. Најефикасен на натпреварот беше Гошевски Дејан со шест, колку што даде и Никола Матовиќ од Јуниор.
Вардар 1961 славеше победа над Куманово со 37:21. Ален Ќосески од Вардар беше најпрецизен на паркетот и натпреварот го заврши со дванаесет погодоци.