Во недела се играат сите натпревари од 18.воедно и последно коло од есенската полусезона. Познати се и судиите за овие мечеви. Па така Александар Ставрев (Скопје) ќе суди на Автокоманда каде се среќаваат Скопје и есенскиот шампион Струга ТЛ. На скопското дерби меѓу Работнички и Шкупи главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски (Кавадарци).
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 18.КОЛО – НЕДЕЛА (13 Ч)
Скопје – Струга ТЛ: Александар Ставрев (Скопје)
А. Пандев – Тиквеш: Игор Стојчевски (Скопје)
Силекс – Македонија ЃП: Александар Грујоски (Кичево)
Работнички – Шкупи: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Брегалница – Победа: Јован Качевски (Струга)
ШКЕНДИЈА (СЛОБОДНА)