Ракометарите на Целје го добија дербито на дното во групата „Б“ во ракометната Лига на шампиони, откако вечерва на домашен терен, практично во последните минути го совладаа норвешки Елверум со 29.26.
Мечот беше неизвесен во сите 60 минути, но особено во завршницата кога се играше гол за гол. Целје влезе поцврст во последните две минути и на крајот успеа да дојде до победа со 3 гола разлика и да ја прослави втората сезонска победа во ЛШ.
Во вториот меч од оваа група вечерва, Келце славеше на гости кај ПИК Сегед со 31:28 и ја оствари осмата победа со која за момент го презема врвот на табелата пред екипата на Барселона. Морито со 8 гола беше лидер во победата на Келце на денешното гостување.