Шанса што не смее да се пропушти, МЗТ го игра мечот на сезоната!

140

МЗТ Скопје се судри со предизвикот кој го носи едно натпреварување како што е АБА-лига. За актуелниот македонски првак првите девет кола беа пеколни, запиша две победи и седум порази, се наоѓа во долниот дел од табелата, а доколку сака да продолжи со планот – опстанок во ова друштво, ќе мора денеска против Борац на домашен терен да дојде до победа. Противникот има една победа помалку и се наоѓа на последното место на табелата.

За Александар Петровиќ сега ова е меч на сезоната, скромен во изјавата.

„Играме со тим кој е далеку подобар од она што го покажува нивниот настап во АБА. Тој ќе дојде со нов тренер Дејан Мијатовиќ, кој е одличен и искусен стратег и кој сигурно ќе ја стави својата работа во таборот на Борац. Наше е да одиграме добро и да го почитуваме она што го договоривме на тренинзите. Ако играте кошарка и го правите тоа, тогаш ќе бидете блиску до очекуваната победа. Ги повикувам навивачите да дојдат на трибините и повторно да бидат нашиот шести играч. Ова дефинитивно е меч на сезоната за нас“, рече Петровиќ пред мечот.

Кефи очекува тој и момците да го одиграат најдобриот меч оваа сезона за да полесно дишат во продолжение на сезоната.

„Пред нас е средба на која ќе треба да дадеме се од себе и да победиме. Директна пресметка со конкурент за опстанок, кој треба да го извади најдоброто од нас. Со помош на публиката се надевам дека ќе дојдеме до посакуваните бодови кои ќе го олеснат дишењето“, рече Кефи. 

Мечот меѓу МЗТ Скопје и Борац е закажан со почеток во 16 часот.

ПретходноВо таа еуфорија и напнатост на „Лусаил“, падна и рекорд на Мундијалите
СледноМароко може и против Португалија, а шлагот на тортата е Англија-Франција