По серија од 6 порази во домашното превенство, кошаркарите на ФМП Академија врза две победи во низа. Откако во минатото коло ја совладаа Струмица, денеска на гостински терен обезбедија победа и над екипата на Куманово.
ФМП Академија славеше со 102:83 и ја обезбеди третата сезонска победа, со која полека се одлепуваат од дното на првенствената табела. Гостите имаа извонредна прва четвртина која ја добија со 14 поени разлика и тука практично го најавија триумфот.
Мекивен со 26 поени беше лидер кај гостите, додека кај Куманово, Јаневски заврши со 23 поени.