Мечот меѓу Чаир и Работнички нема да се доигра, гостите ќе го добијат службено

366

Натпреварот меѓу Чаир и Работнички нема да се доигра. Тој беше прекинат во втората четвртина при резултат 44:23 за гостите кога еден навивач на домашната екипа влезе на теренот и го удри кошаркарот на Работнички, Ерик Нотиџ.

Прекинот траеше половина час, а потоа судиската тројка и делегатот одлучија мечот да не се доигра и истиот да биде регистриран со службени 20:0 во корист на Работнички.

Во текот на утрешниот ден, Комесарот за натпреварување Александар Милојевиќ ќе објави и дополнителни мерки како суспензија на салата „Шабан Трстена“ и одземање на бод за домашната екипа за пораз.

Инцидент во Чаир: Навивач нападна кошаркар на Работнички (видео)

ПретходноГаџа од Вардар се сели во Саудиска Арабија
СледноПелистер го освои Скопје, Феникс немаше сили нешто повеќе!