Еден од најуспешните македонски спортисти, екс-кошаркарскиот репрезентативец Владо Илиевски, доби признание за животно дело од Општина Струмица.
На одбележувањето на Денот на заштитниците на градот – Светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици, Владо Илиевски доби награда за животно дело за својата блескава кариера во кошарката.
Илиевски заедно со Горан Пандев е еден од најдобрите спортисти кои потекнуваат од овој македонски град.