После десет победи во низа, шест во Евролигата, тимот на Црвена Звезда доживеа пораз. Во рамките на 14 коло во најсилното европско клупско натпреварување, „црвено-белите“ беа совладани со 71-67 на домашен терен од последнопласраниот тим Армани. Ова беше прв пораз за Звезда од доаѓањето на Душко Ивковиќ на клупата.
.@Billy_Baron calls it a game🥶 pic.twitter.com/7MnvHAuJec
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) December 15, 2022
Били Барон со 19 поени беше прв стрелец кај Милано, додека на другата страна Петрушев запиша 20 поени.
Реал Мадрид запиша гостински терен кај Жалгирис, беше совладан со 81-72. За „кралевите“ ова беше шести пораз, има и девет победи.