Шампионките со победа ја завршија есента на чело на табелата

202

Викендов се одиграа натпреварите од последното коло од есенскиот дел во нашата најквалитетна женска одбојкарска конкуренција. Резултатите немаа влијание на изгледот на втората фаза.

Работнички Скопје, Јанта Волеј Кисела вода, Наковски Волеј и Фит Фан Цолеј поодамна обезбедија пласман во плеј-оф рундата со шест меѓусебни натпревари, а Вардар ЕМ, Струмица жени, Вардар жени и Македонија Макс ќе продолжат во делот за опстанок.

Шампионот Работнички во последниот есенски дуел славеше со максимални 3.0 против Фит Фан Волеј, а денеска Вардар жени успеаја да слават против својот градски ривал Вардар ЕМ со 3:1.

Прва лига (жени), 14. коло

Работнички Скопје – Фит Фан Волеј 3:0 (25:21, 25:16, 25:9)

Вардар ЕМ – Вардар жени       1:3 (15:25, 12:25, 25:19, 16:25)

Наковски волеј – Македонија Макс 3:0 (15:7, 25:5, 25:16)

Струмица жени – Јанта волеј       0:3 (7:25, 13:25, 11:25)

Табела: Работнички Скопје 13-1, Јанта волеј КВ 12-2, Наковски волеј 10-4, Фит Фан волеј 7-7, Вардар ЕМ 5-9, Вардар жени 5-9, Струмица жени 4-10, Македонија Макс 0-14.

ПретходноНБА партија на Френклин, Академија ФМП без решение!
СледноТејлор требаше да го суди финалето, но го спречи еден воен судир од 1982 година