Традиционално на крајот на годината на сцена настапува македонската ракометна репрезентација, едниствен национален тим кој редовно учествува на големите натпреварувања.
Селекторот Кирил Лазаров денеска во хотелот „Александар Палас“ ќе прозива, почнува мисијата за Светското првенство кое од 11.01 до 29.01 следната година ќе се одржи во Шведска и Полска.
Македонија е во група со Норвешка (13. јануари), Холандија (15. јануари) и Аргентина, последниот противник од оваа фаза, мечот се игра на 17. јануари.
Предводникот на нашиот најдобар национален тим во рамките на подготовките на располагање ќе има 23 имиња. Според планот нашите момци денеска веднаш ќе заминат во Маврово каде е предвидено да одиграат два пријателски натпревари против Црна Гора.
Пред Нова година, ракометарите ќе се вратат во Скопје, на 3. Јануари ќе се одигра мечот на деценијата, по што следниот ден заминуваат во Хрватска каде ќе бидат дел од „Кроација Купот“.
Во следната рунда ќе се пласираат првите три репрезентации од секоја група. Македонија на овој шампионат ќе настапи во поинаков состав, ги нема Лазаров, Миркуловски и Стоилов, а во составот има голем број на млади имиња, кои во иднина треба да почнат да чекорат по патеките на своите претходници.
Македонија е атусајдер во друштвото на Норвешка, Холандија и Аргентина, не само што има млади ракометари, за разлика од своите противници, само тројца од списокот на Лазаров настапуваат во странство, сите останати се натпреваруваат во домашниот шампионат.