Пријателски: Пелистер загуби од Новаци, Брегалница убедлива со Каменица Саса
Пелистер неочекувано загуби на денешниот пријателски натпревар против екипата на Новаци. Битолските „зелено-бели“ беа поразени на дуелот со второлигашот со 1:2. Единствениот гол за Пелистер го постигна Мурговски.
Фудбалерите на Брегалница забележаа убедлива победа од 3:0 над Каменица Саса во...
Пријателска: Тетекс подобар од Тиквеш
Фудбалерите на Тиквеш го загубија последниот пријателски меч пред стартот на втората полуетапа од домашното првенство. Денеска на пријателски меч одигран во Скопје против второлигашот Тетекс, кавадарчани беа поразени со 4:2 (2:1).
Ова беше воедно последната проверка на силите на...
Клубот со кој никој не сака да игра пријателски оваа зима, промовираше две прволигашки...
ГФК Охрид од денеска е посилен за Абдулхади Јахја и Дарко Илиески. Секако дека ова се големи засилувања за есенскиот првак во ВМФЛ кој оваа зима и тоа како се “прослави“ по онаа пријателска со Работнички кога прими осум...
Шаркоски ќе напаѓа за Шкендија Арачиново
Искусниот Николче Шаркоски е нов член на тимот на Шкендија Арачиново. Крилниот напаѓач се сели во второлигашката конкуренција, и ќе му помогне на амбициозниот клуб од околината на Скопје да проба да ги оствари своите прволигашки амбиции.
Шкендија во моментов...
Најголемиот пораз на Победа Прилеп!!!
На десетина дена од стартот на пролетниот дел од ВМФЛ сезоната, екипата на Победа од Прилеп сеуште нема започнато со тренинзи. Не е означен старт на зимските подготовски, иако тоа во нормални услови требало да се случи пред три...
Екстра засилување: Шкендија Арачиново се пофали со Бесар Исени!
Два дена раководството на Шкендија Арачиново преку своите социјални мрежи најавуваше големо засилување и тоа и го оствари.
Некогашнит играч на Шкупи и Вардар, Бесар Исени (29) и официјално е нов член на второлигашот од Арачиново. Секако дека со Бецко...
Дарко Глишиќ е ново засилување за Скопје
Македонскиот второлигаш Скопје денеска објави дека постигна договор за ангажман на уште едно ново засилување. Во составот на тимот од Автокоманда доаѓа искусниот играч, Дарко Глишиќ, кој фицијално се враќа во семејството на ФК Скопје.
По богатата кариера во Вардар,...
Поповски е нов асистент на Таневски на клупата на Скопје
Управата на второлигашот Скопје го назначи долгогодишниот капитен, Александар Поповски како нов член на стручниот штаб. Долги години, тој го носеше дресот на скопскиот состав од Автокоманда.
Со години искуство зад себе и акумулирано знаење од врвно ниво, тој се...
Симеон Христов супер засилување за Скопје
Тимот на Скопје за пролетната полусезона ќе биде посилен за искусниот Симеон Христов.
Досегашниот играч на Македонија ЃП доаѓа на Автокоманда и ќе биде новиот напаѓач со кого ФК Скопје ќе се бори за пласман за највисок пласман и евентуална...
И Тетекс го откажа пријателскиот натпревар со Охрид
По Новаци и Арсими и Тетекс ја откажа планираната пријателска средба со Охрид Лихнидос. Во соопштението до јавноста, тетовци пишуваат:
„ФК Тетекс информира дека одлучи да не го одигра планираниот контролен натпревар со ГФК Охрид, кој е закажан за 28.01.2026...
















