Екипата на Баерн Минхен има катастрофален старт на сезоната во Евролигата. „Баварците“ вечерва, на гостувањето кај Зенит доживеаа пораз (79:71) што е нивен четврти пораз во исто толку натпревари досега. Со тоа се заковани на дното на табелата во елитното кошаркарско друштво. Притоа Зенит ја оствари третата победа и направи скок на четвртата позиција, барем до одигрувањето на утрешните натпревари.
Во Турција Фенербахче го совлада Уникс Казан со 80:41. Мечот беше решен во првата четвртина кога домашните поведоа со 21:8. Уникс имаше слаба реализација, во третата четвртина даде само пет поени, па на крај го заврши мечот со само 41 даден поен што е најлош резултат на некоја екипа во Евролигата во поново време.
Басконија славеше во гости кај Алба Берлин со 80:76. Тоа е трет пораз на Алба, а втора победа за Басконија. А Лион, кој досега имаше 100% ефект претрпе пораз дома со 85:93 од Макаби Тел Авив.