Работнички го промовираше Грузиецот Куција!

222

Како што најави „Спортмедиа“, Работнички го доведе Георги Куција како ново засилување. Тој потпиша договор и се приклучи на тимот по враќањето од подготовки во Анталија. Денеска клубот од Градски парк го промовираше.

Куција е 22-годишен фудбалер за врска кој доаѓа од еден од најдобрите грузиски клубови, Динамо Тбилиси. Тој треба да ја засили конкуренцијата во средниот ред по сериозната повреда на Арменд Алими.

Среќен сум што ќе играм во еден од најреномираните македонски клубови. Ќе го дадам својот максимум за да ги оствариме целите на тимот во продолжението од првенството“, изјави Георги Куција.

ПретходноСудијата кој го уништи Милан: Плачев во соблекувалната, зборовите на Златан никогаш нема да ги заборавам!
СледноГринвуд излезе од притвор!