Гостивар не се предава – ТФТ „падна“ во „Младост“

129

Жестоката битка за првите четири места на табелата во Супер-лигата кои водат во плеј-офот продолжува и истата станува доста интересна. Гостивар продолжи во темпото падни-стани, овој пат направи подем по поразот во минатото коло. На домашен терен ја доби битката со ТФТ со и остана во игра за четвртата позиција.

Сега токму кошаркарите на Гостивар се наоѓаат на посакуваното место со 42 бода, исто колку актуелниот освојувач на Купот на Македонија, еден бод зад Еуро Никел.

И тука се очекуваше неизвесен натпревар, но домаќинот одигра одличен натпревар. По водството на гостите во првата четвртина со 16-19, Гостивар приреди целосен пресврт на одморот замина со позитива од 49-40.

Гостивар не застана, добро знаеше што сака на оваа средба, на средината на третата четвртина со слободните фрлања на Димитриевски дојде на плус 14 (63-49). Двоцифрена позитива имаше и пред стартот на решавачките десет минути, во кои гостите беа подобри со 25-19, но сепак не успеаја да приредат пресврт.

Тодоровиќ и Силаџи постигнаа по 17 поени, Ефремовски имаше 15 поени, во редовите на ТФТ, Смит запиша 20 поени.

ПретходноНадал спаси четири меч – топки и се пласира во четвртфиналето!
СледноПрилеп издржа едно полувреме кај Пролет