Гана засилена на СП 2022: Ињаки од Билбао, двајца играчи од Премиер и тројца од Германија

467

Репрезентацијата на Гана ќе добие засилувања за Мундијалот во Катар. Челниците на Фудбалската федерација е растрчана и убедува фудбалери од најсилните европски првенства да играат за „црните ѕвезди“. Секако, тие се или родени таму, или имаат потекло од Гана.

Гана ќе игра во групата Х заедно со Португалија, Уругвај и Јужна Кореја. Најголемото засилување за Гана е ѕвездата на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс, момчето кое има еден настап за Шпанија (пријателски со БиХ), но и на него му е јасно дека тешко ќе избори место во редовите на „фуријата“, па со Гана ќе има можност да настапи на СП.

Гана ќе биде засилена и со двајца талентирани играчи од Премиер лигата. Десниот бек Тарик Лампти (21 год) играл за младинските категории на Англија, но не успева да стигне до сениорскиот тим. А има гански пасош и ќе игра за Гана.

Дефанзивецот на Саутемптон Мохамед Салису исто така ќе дебитира за Гана. Тој во 2016 година имал покана да игра за „црвните ѕвезди“ но ја одбил, со образложение дека не бил физички спремен да игра за репрезентацијата. Сега ја прифатил понудата.
Двајца играчи на Хамбургер се на листата, Стефан Амбросиус (централен бек, 23 години) и Раншфорд-Јебоа Кенигсдорфер (напаѓач, 20 години) исто така се во репрезентацијата. И двајцата имаат потекло од Гана, со тоа што Кенигсдорфер има и неколку мечеви за младинската репрезентација на Германија.
Дефанзивецот Патрик Фајфер од Дармштат исто така може да игра за Гана.

Во февруари и напаѓачот на Челзи Калум Хадсон-Одои доби повик да игра за Гана, но тој го одби. Тој заигра за Англија, но има три натпревари и последниот му е во ноември 2019 година. Сепак, Хадсон-Одои нема и желба да игра за Гана па така тој отпаѓа од комбинација.

ПретходноСмит стана рекордер во НБА со потписот за 13-тиот клуб во кариерата
СледноБурно во Бока Ј: Бенедето утна два пенали, тимот елиминиран, тренерот доби отказ (видео)