Звучи малку неверојатно, но веста на денот доаѓа од Сараево, од БиХ. Имено на денешниот состанок комититетот за итност на Фудбалскиот сојуз на БиХ, донел одлука да ја прифати понудата на Рускиот фудбалски сојуз за одигрување на пријателски натпревар во ноември и тоа во Санкт Петербург.
Колку оваа одлука е добра за БиХ останува да се види ако се знае дека веќе осум месеци спортот во Русија, по агресијата на таа земја врз Украина, е надвор од сите спортски асоцијации.
Оваа одлука веднаш наиде на коментари во БиХ, но веќе е јасно. Ќе има фудбалски натпревар меѓу Русија и БиХ во ноември.










